За Нас:
Дизајн Центар Инженеринг е проектанска куќа која што се бави со проектирање и изведување на објекти. Од нашето формирање во 1991 па се до денес ние имаме проектирано повеќе од 2000 проекти од кои еден дел се изведени од нас. Нашето искуство се состои од проектирање на јавни објекти, индустриски објекти, објекти за домување и надворешно уредување на јавни простори скверови и партерни решенија. Нашата фирма располага со лиценца за изработување урбанистички детални планови. Во последните неколку години имаме голема активност во изработката на урбанистички планови.
Исто така ние имаме искуство во интериерно уредување на објекти и дизајнирање на мебел.
Некои од нашите проекти можете да ги погледнете на оваа наша веб страна со избирање на областа за која што сте заинтересирани.
Поздрав,
Трајче Грков
сопственик на Дизајн Центар Инженеринг
Трајче Грков
сопственик на Дизајн Центар Инженеринг